Skip to content
← Back to job listings

Агент во контакт центар

Mellon Group of Companies · Skopje, North Macedonia

External listingfull-timeabout 1 hour ago

About The Role

ПРИДРУЖИ НИ СЕ ВО МЕЛОН СОЛУШНС!

Агент во контакт центар

(реф. бр. 082026-011)

Дали сакаш работа каде што комуникацијата е твојата најголема предност?

Ако си комуникативен/на, упорен/на и знаеш како да водиш добар разговор, тогаш можеби токму тебе те бараме.

Во Мелон ќе бидеш дел од професионален тим кој соработува со водечките банки и финансиски институции во земјата. Ќе добиеш обука, поддршка и можност да стекнеш вредно работно искуство во динамична и модерна работна средина.

Што ќе работиш?

  • Ќе комуницираш со клиенти на банки и финансиски институции преку телефон;
  • Ќе помагаш во пронаоѓање соодветни решенија и договарање за исполнување на обврските на клиентите;
  • Ќе учествуваш во кампањи за телефонска продажба и промоција на банкарски производи и услуги;
  • Ќе обезбедуваш информации и поддршка во различни информативни кампањи;
  • Ќе ги евидентираш разговорите и резултатите во современи дигитални системи;
  • Ќе работиш според јасно дефинирани процедури и стандарди.

Кого бараме?

Бараме личност која

  • Има завршено најмалку средно образование;
  • Има добри комуникациски способности и пријатен телефонски настап;
  • Знае да слуша, преговара и да воспостави професионална комуникација;
  • Основно се снаоѓа со компјутер и MS office;
  • Е одговорна, организирана и ориентирана кон резултати;
  • Искуство во продажба, грижа за корисници, наплата на побарувања или работа во контакт центар ќе се смета за предност, но не е задолжително.

Што добиваш?

  • Сигурна работа во стабилна и организирана компанија;
  • Тимска средина каде што трудот и иницијативата се препознаваат и вреднуваат;
  • Можност за учење, стекнување искуство и професионален развој;
  • Поддршка и обука од искусен тим.

Доколку сакаш да бидеш дел од тим кој комуницира со илјадници клиенти секој ден и да стекнеш искуство во една од водечките компании во областа на контакт центрите, аплицирај и придружи ни се!

This is an external listing. JobSpring does not represent or verify the employer. Report this listing